Quotes by Винка Саздова

Но, ништо не се заборава. Уште помалку се заборава она што посакуваш да не се случило никогаш. Се помни се. Сите зборови што си ги кажал, слушнал, премолчил. Се што си видел и сонувал. Се што ти се случило или пак, од некои причини што само тебе ти се познати, си пропуштил да ти се случи.
"

Многу подоцна сфатив, дека ослободувајќи се од товарот на спомените, го уништив и најдрагоцениот дел од себе. Ја фрлив во заборав мојата потрага по вистинското јас, се откажав од моите соништа, копнежи, доаѓања и заминувања.

Каков живот е животот без спомени?
"
Каков живот е животот без спомени?
Ете зошто е убаво човек да се слика. Она што мислиш дека си го заборавил, ти се враќа со сета своја полнота. Сликите го чуваат нашиот живот од заборав.

Животот не е ништо друго ами едно обично разминување со туѓинците на кои едвај им го знаеш и името.

Зборот што си го кажал, веќе не е твој. Твое е само она што ќе го премолчиш.